Македонија

Премиерот не менува ставови преку ноќ, утре ќе се види дали ќе ,,преживее” државниот обвинител Коцевски

Ако утре ВМРО-ДПМНЕ гласа за смена на Коцевски можно е наскоро Македонија да добие нов државен јавен обвинител

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска побара 24 часа за јавноста да види дали тој ги менува ставовите и дали неговата партија ќе ја поддржи интерпелацијата за републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски за која ќе расправа Собранието.

 

 

„Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ“, изјави Мицкоски, без да даде конкретен одговор како ќе гласа ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Собранието утре ќе расправа за интерпелацијата поднесена од Левица, која меѓу другото го обвинува Коцевски за селективен обвинителски систем.

Доколку утре ВМРО-ДПМНЕ гласа за смена на Коцевски можно е наскоро Македонија да добие нов државен јавен обвинител.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top