Македонија

Пренџов: Заев и Филипче ѝ дадоа на Бугарија што бараше 150 години, но Бугарите во Уставот ќе влезат кога и Македонија и Македонците во ЕУ!

„Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа Бугарија го бара 150 години и ниеден претходно не го направил тоа, што што го направија Заев и Филипче. Предупредувавме дека ќе завршиме во ќорсокак, дека на Македонецот му е доста од понижување. Предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе, кои ќе ја наведнуваме главата, научени да губиме, а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, но ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена! Кога се работи за Македонија, за нашите предци и за нашите поколенија, мора многу сериозно, многу стратегиски и многу мудро да се размислува. Не велиме дека никогаш нема да има Бугари во Уставот, но велиме дека велиме кога Македонците ќе влезат во ЕУ тогаш и Бугарите ќе влезат во нашиот Устав!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов во гостувањето во ТВ Канал 5.

Пренџов во ТВ Канал 5, исто така, посочи дека „покрај тоа што имаме стабилен економски раст, 3 и пол пати поголем од тој што го имаа СДСМ, имаме и 100 отсто  усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската Унија“. „Имаме и законодавство, кое е меѓу сите кандидати за евроинтегрирање со највисок степен на усогласеност со ЕУ. Останува да се грижиме за состојбите, што ги имаме со Бугарија, но истовремено треба да мислиме и на потребите на државата.“ – напомна Љупчо Пренџов во дискусијата за внесувањето на Бугарите во Уставот со одложено дејство.

Тој нагласи дека владата на Зоран Заев остави големи штети, и покрај сите тогашни предупредувања, оти остави променето име, знаме, банкноти.


Најнови вести од: Македонија

Реформа на дисциплинските постапки, гаранции за самостојност и поголема транспарентност при изборот на државниот јавен обвинител

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност

„Зелникот на баба“ ќе се одржи викендов во Пробиштип

Дванаесетта година по ред Општина Пробиштип денот на пролетта, го одбележува со меѓународна манифестација „Зелникот на баба“. Од Општина Пробиштип  во писменото соопштение велат дека манифестацијата ќе се одржи оваа сабота, односно на 21 март, со почеток во 11 часот. Годинава очекуваат присуство на натпреварувачи од 18 општини од Македонија, потоа од пет Здруженија од […]

To top