Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана

Темата на предавањето на македонската претседателка е „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска, во рамки на нејзината официјална посета на Словенија, ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана.

Темата на предавањето на македонската претседателка е „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“.

Со оваа активност продолжува нејзината агенда во Словенија, каде вчера оствари средба со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, која ја пречека со високи државни почести.

По официјалната средба, Сиљановска-Давкова имаше и работен ручек со претседателот на Државниот збор на Словенија, Зоран Стевановиќ.

Во рамки на досегашната посета, претседателката положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните во Љубљана.

Таа ги посети и Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“, како и македонските иселеници и претставници на македонските културни друштва во земјата.

Шефицата на македонската државата оствари средби и со членови на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб, а во Крањ го посети Македонското културно друштво.

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ да не се кочи со идентитетски прашања! Доверливоста на евроинтеграцијата зависи од примената на Копенхагенските критериуми!

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top