Македонија

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ да не се кочи со идентитетски прашања! Доверливоста на евроинтеграцијата зависи од примената на Копенхагенските критериуми!

„Во Љубљана заедно со претседателката Наташа Пирц Мусар потврдивме дека македонско-словенечкото пријателство се темели на заемна почит, европски вредности и визија за стабилен и обединет регион, како важен фактор на европската стабилност. Искрена благодарност до Словенија, како еден од нашите најголеми политички пријатели и поддржувачи на патот кон ЕУ. Важно е проширувањето на ЕУ да не се кочи со билатерализација, врзана за идентитетски прашања, спротивно на основните вредности и принципи на конститутивните акти на ЕУ.“ – објави претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова на својот официјален фејсбук-профил.


Натаму на општествената мрежа шефицата на македонската држава Сиљановска-Давкова истакна: Благодарам за срдечниот и пријателски пречек од страна на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Предмет на разговорот беа билатералните односи, македонската европска интеграција, актуелните геополитички состојби, безбедносната архитектура на Западен Балкан и улогата на НАТО, низ призма на заедничката посветеност кон мултилатералниот поредок и европскиот политички проект. Словенија е наш значаен економски партнер, а соработката во економијата, образованието, науката и зелената транзиција отвора можности за пристоен живот на граѓаните на двете држави.

Во однос на македонската европска интеграција, повторив дека остануваме целосно посветени на приоритетот за членство и очекуваме отворање на пристапниот процес, во духот на принципите на ЕУ, како и еднаков третман на земјите-кандидатки, наместо на двојни стандарди и волунтаристички условувања. Укажав дека кредибилитетот на европската интеграција зависи од доследната примена на Копенхашките критериуми, врзани за владеењето на правото, институционална стабилност, човековите и малцински права, пазараната економија и способноста за извршување на обврските од членството, нагласи претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова..

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top