Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова до СДСМ: Надминете ги проблемите со членството и станете пак активен чинител на македонската демократија!

Претседателката на на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека е важно опозициската СДСМ брзо да ги надмине внатрепартиските проблеми и повторно да стане силна опозиција, бидејќи тоа е од корист за демократијата и за државата.


„СДСМ има статут, има програма и други акти и внатрепартиски структури, постојат демократски начини на решавање на проблемите и  тоа е добро, прво за нив, но и за сите нас, бидејќи без силна опозиција не може да има демократија, не може да да има парламент, што ќе донесува добри одлуки, оти се тие коректорот на власта.“ – нагласи шефицата на македонската држава Сиљановска-Давкова по посетата на училиштето „Партенија Зографски“ во Скопје.

Таа дополни: Посакувам час поскоро со помош на членството да ги надминат проблемите. Многу партии се соочувале со вакви проблеми не само кај нас, туку и надвор. Мојата порака е дека оваа партија има долга историја, меморија, имала големи победи и успеси, и како и другите партии имала и кризи. Се надевам дека од кризата ќе излезат со нови решенија и ќе станат повторно активен чинител и актер на македонската демократија.

Инаку, вчера, целото раководство на СДСМ заедно со членовите на Извршниот одбор поднесе оставки по барање на лидерот Венко Филипче. Според најавите на Филипче, во следните две седмици треба да се свика Централниот одбор на партијата, кој ќе се изјасни за новите членови. Тој истакна дека „се бараат најквалитетните и најкомпетентни личности за новите функции“.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top