Македонија

Презентација на нови оклопни возила „Страјкер“ набавени од САД

Оклопните возила се набавуваат како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила

Владата и Министерството за одбрана денеска во касарната  „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец ќе претстават 17 нови  лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави.

Како што соопшти Владата, оклопните возила „stryker“ се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила.

-Во рамките на соработката со САД се реализираат два договора на принципот Влада-со-Влада. Станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER. До овој момент се пристигнати сите JLTV – лесни оклопни возила вкупно 96, а на овој настан се промовираат првата испорака на дел од возилата STRYKER, 17 од предвидените 42, информира владината прес-служба.

На презентацијата ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, и командантите на Командата за операции и првата пешадиска бригада.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

МИА

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

To top