Македонија

Приемот на Македонија само би создал проблеми и потреси во ЕУ, смета бугарски европратеник

Според Илија Лазаров од партијата на експремиерот Борисов, Скопје не е подготвено ни да почне преговори за членство

Илија Лазаров, член на Европскиот парламент од Бугарија, смета дека Македонија не само што не е подготвена за членство во Европската Унија, туку тоа само би предизвикало проблеми и потреси во неа.

„Јас лично мислам дека Република Северна Македонија не е подготвена да започне какви било преговори за членство во Европската унија, бидејќи не можете да внесете проблеми и таква реторика на омраза во оваа заедница. Тоа само би создало проблеми и би придонело за потреси внатре во Унијата, доколку таа еден ден се присоедини“, изјави европратеникот од ГЕРБ на експремиерот Бојко Борисов за бугарското Радио Фокус.

Тој не се согласува со текстот во извештајот за напредокот на Македонија, според кој билатералните спорови не треба да бидат пречка за евроинтеграциите.

„Основен принцип на прифаќање во Европската унија уште од времето на Европската економска заедница е прво да се расчистат билатералните проблеми, за да не се внесат во Унијата“, потенцира Лазаров.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top