Македонија

Прифатено второ обвинение за пожарот во „Пулс“ – и сопственикот на „Рубикон“ се товари за „тешки дела против општата сигурност“

Судот во целост го одобри и второто обвинение за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“

Судот во целост го одобри и второто обвинение за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, во кое обвинет е сопственикот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев. -Обвинителниот акт беше поднесен на 4 септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице, А.Н. кој се јавува како  одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, стои во соопштението на судот. Предметот ќе го суди судијката Биљана Смаќовска, а терминот сеуште не е утврден. Според обвинението, сопственикот на агенцијата немал склучено  договор за обезбедување на дискотеката „Пулс“. Обвинителството по истрагата против него, тврдеше дека обвинетиот за цело време по катастрофалната несреќа им давал инструкции на обезбедувачите кои биле таа кобна ноќ на работа, кога се случи пожарот, а еден од нив бил и без лиценца. Обвинителството и Нацев го товари за „тешки дела против општата сигурност“ и се очекува да се спои со големото против останатите 34 лица и три фирми, а тоа пред да почне судењето треба да го побара Јавното обвинителство. Во ОЈО за ГОКК се уште трае истрагата во која осомничени се над 20-тина полициски службеници и началници кои исто така се товарат за „тешки дела против општата сигурност“. Дел од нив се под мерки од судот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top