Македонија

Пријавување за субвенциониран студентски оброк до 5-ти октомври

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае до 5 октомври 2025.

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот:

https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina

Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top