Министерството за внатрешни работи на Република Македонија соопштува дека вчера (08.04.2026) околу 23:30 часот, на автопатот А1, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранична контрола и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода С.Б. (61) и Х.С. (53), двајцата од Косово.
„При претресот во возилото „Шкода Рапид“ со национални косовски регистарски ознаки, кое го управувал С.Б., додека Х.С. бил патник, пронајдени се двајца имигранти од Пакистан“.
„Лицата се приведени во полициската станица, додека мигрантите и возилото се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен извештај“, велат од Министерството за внатрешни работи. Телеграфи