Македонија

Признание од Силјановска-Давкова за припадници на дијаспората

Д-р Ичак Калдерон Адижес, Елизабет Наумовски и Антонијо Трпевски наградени за придонесот за татковината

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова вечерва им го врачи „Признанието за придонес на припадниците на дијаспората“  на д-р Ичак Калдерон Адижес, Елизабет Наумовски и Антонијо Трпевски.

„Со особена чест и задоволство вечерва го врачив ,,Признанието за придонес на припадниците на дијаспората” на истакнати личности од дијаспората кои со нивната работа во науката, бизнисот, културата, филантропијата и поддршката на младите оставаат траен белег.

Со емоции на гордост и на тага, истакнав дека иако физички се далеку од тука, нашинците во дијаспората и натаму се врзани за татковината.
Потсетив на зборовите на Бернард Шо дека може да смените сè: идеологијата, облеката, поведението, ама татковината – не!
Горда сум на нашите успешни професори, лекари, инженери, научници, претприемачи и интелектуалци кои, со дисциплина и истрајност, изградиле респектабилни кариери во странство. Но, посакувам и очекувам постојана економска и друга соработка со нив, па и нивно, физичко присуство меѓу нас.
Укажав на зависноста на конкурентноста на нашата економија, развојот на вештачката интелигенција и дигитализацијата, од развојот и искористувањето на сопствениот човечки потенцијал, како главен фактор на технолошките и геополитичките промени.
Честитки на годинешните добитници на признанието на Македонија 2025: д-р Ичак Калдерон Адижес, Елизабет Наумовски и Антонијо Трпевски.
Дијаспората денес не е хомогена структура, туку сложен простор составен од различни генерации, но со иста љубов кон татковината. Ме охрабрува фактот што сè повеќе млади луѓе, иако родени далеку одовде, изразуваат интерес за македонскиот јазик, култура и традиција“, порача Силјановска-Давкова.

 

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top