Македонија

Продолжува пресметката на Бихаќка: Филипче во напад на Деспотовски кој е наречен петтоколонаш

Центарот за комуникации на СДСМ денес издаде остро соопштение во кое Јован Деспотовски, поранешен кандидат за претседател на партијата и актуелен член, е обвинет дека дејствува како „петоколонаш“ и „предавник одвнатре“

Центарот за комуникации на СДСМ денес издаде остро соопштение во кое Јован Деспотовски, поранешен кандидат за претседател на партијата и актуелен член, е обвинет дека дејствува како „петоколонаш“ и „предавник одвнатре“, во наводна координација со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за дестабилизација на СДСМ преку медиумска кампања.

Според соопштението, целта на оваа „акција“ е да се ослаби партијата токму во моментот на нејзиниот „подем“, а зад неа стојат СНС и Александар Вучиќ, со цел да се заштитат бизнис-зделките со премиерот Христијан Мицкоски.

Деспотовски е обвинет дека, по поразот на внатрепартиските избори од актуелниот претседател Венко Филипче, од лични амбиции и фрустрации ја „урива партијата одвнатре“, соработувајќи со сили што се споредени со „фашистички окупатори“ и „Квислинзи“.

„Јован Деспотовски им се приклучи заради лични амбиции и фрустрации – продаде сè што претставува СДСМ, ги предаде сите нас, членовите на СДСМ. Како што вели народот: ја продаде верата за вечера“ – се вели во соопштението.

Фразата „продаде вера за вечера“ е директно поврзана со насловни страници од медиуми блиски до Вучиќ од периодот на конфликтот меѓу Зоран Заев и српскиот претседател, што дополнително ја зајакнува перцепцијата за контрадикторност во партискиот наратив.

Целата вест за внатрепартиската војна во СДСМ на порталот на плусинфо

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top