Македонија

Професорката која зема мито од студент доби забрана за работа

Во реакцијата на Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип, се наведува дека во академската заедница нема место за лица што ја злоупотребуваат својата позиција, го нарушуваат интегритетот на образованието и ја изневеруваат довербата што им е дадена

Основното јавно обвинителство Штип поведе истражна постапка против 38-годишна доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип, жителка на Кочани, поради основано сомневање дека примила поткуп од студент за преодна оценка.

Според информациите од Обвинителството, професорката се товари за кривично дело примање поткуп по член 357 од Кривичниот законик. На 16 јуни годинава, откако студент не покажал доволно знаење за да помине на испит, професорката наместо да евидентира дека студентот паднал, таа не му ја впишала оценката во индексот ниту во електронскиот систем, туку директно му побарала 300 евра за да му напише преодна оценка.

„На 29 јуни, во нејзината канцеларија, таа ги примила парите од студентот. Му дала инструкции да ги остави парите на помошната маса, помеѓу скрипта и еден лист бела хартија, по што во индексот му запишала преодна оценка“, соопштија од Обвинителството.ото.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веќе достави предлог за определување неколку мерки за претпазливост – забрана за вршење работни активности на факултетот, забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа, обврска за редовно јавување во суд и забрана за приближување или одржување какви било контакти со студентот.
За случајот со професорката, вчера информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што рекоа дека таа била уапсена и задржана во полициска станица, а парите што ги примила како поткуп, а кои биле крим-технички обработени, се одземени.

Од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип соопштија дека целосно ги поддржуваат активностите на надлежните институции во борбата против корупцијата.

Во реакцијата на Универзитетот се наведува дека во академската заедница нема место за лица што ја злоупотребуваат својата позиција, го нарушуваат интегритетот на образованието и ја изневеруваат довербата што им е дадена.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top