Македонија

Промовиран новиот дрес: РК „Вардар“ во ново руво (ВИДЕО)

Новиот дрес е само почеток на низата од настани и активности, со кои РК Вардар 1961 во текот на целата година ќе го прослави 65 роденден

Ракометниот клуб „Вардар“ слави 65 години од своето постоење, клубот направи склоп на својата и историјата на Скопје.

 

 

„СИЛАТА НА ТВРДИНАТА!

Во пресрет на јубилејната година, кога РК Вардар 1961 го прославува 65 роденден, со огромна чест ви го претставуваме новиот дрес на клубот за наредните две сезони.

Скопското Кале, тврдината на градот Скопје, симбол на издржливоста, на приказната која со децении, со многу труд и емоција ја имаат создавано и се уште ја создаваат генерации на ракометни легенди, спортски работници и навивачи, како и црвено-црните риги, нашиот препознатлив заштитен знак, на секој натпревар, дури и во најтешките моменти нека ги потсетуваат ракометарите на теренот на големината и на славната историја на клубот. Нека им бидат поттик и патоказ кон враќањето на тронот!

Новиот дрес е само почеток на низата од настани и активности, со кои РК Вардар 1961 во текот на целата година ќе го прослави 65 роденден.

Благодарност до сите кои беа дел и несебично ја помогнаа реализацијата на промотивното видео.

Клуб за сите генерации – клуб со славно минато!“, стои во објавата на Вардар.

Видео на следниот ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонските државјани кои се во Мексико итно да ја напуштат државата поради немирите

Министерството за внатрешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата поради влошената безбедносна состојба. Од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

Повторно лажна паника – Аларм за дојави на бомби во училиштата

Лажната дојава за бомба е пријавена во 10 училишта во Тетово – четири средни и шест основни – поради што наставата не се одржа во ниту едно училиште во градот. Во меѓувреме, Секторот за образование во Тетово бара одговорност од надлежните органи за испраќањето на овие дојави и за безбедноста на учениците.

Законот за пушење: Терасите на локалите да бидат отворени од две, наместо од три страни

По денешната средба во Владата помеѓу владини претставници и луѓе од Туристичко-угостителската комора, договорено е терасите, односно летните бавчи на рестораните и кафе-баровите да мора да бидат отворени само од две страни, наместо првично предложените три страни, велат од секторот.

To top