Свет

„Војна или мир“ – договор мора да има денеска

Планот наречен „Исламабадски договор“ вклучува итен прекин на огнот, по што следи конечен договор за прекин на конфликтот

Планот предвидува двофазен прекин на огнот, изјави за Ројтерс извор запознаен со разговорите.

Планот вклучува итен прекин на огнот, по што следи конечен договор за прекин на конфликтот.

„Сите елементи мора да бидат договорени денес“, рече изворот, додавајќи дека почетниот договор ќе биде формализиран како меморандум за разбирање, електронски потврден преку Пакистан, што е единствениот комуникациски канал меѓу страните.

Предлогот предвидува итен прекин на огнот, вклучително и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Потоа ќе следи период од 15-20 дена за постигнување поширок договор.

Планот, неформално наречен „Договор од Исламабад“, ќе вклучува регионална рамка за управување со теснецот, додека конечните преговори треба да се одржат во Исламабад.

Иран би се откажал од својата нуклеарна програма, САД би ги ублажиле санкциите
Конечниот договор, според изворот, треба да вклучува обврска од страна на Иран да не развива нуклеарно оружје, во замена за ублажување на санкциите и одмрзнување на неговите средства.

Предлогот доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со напади врз клучната инфраструктура во Иран и рече дека ќе ја „разнесе целата земја во воздух“ ако Иран не го отвори Ормутскиот теснец до дадениот рок.

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top