Македонија

Протест: Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме: „Ниту една повеќe!“

„И во смртта не се слуша крикот за помош на Росица“, велат активистите. Ова е втор ваков протест, но се чини дека нема доволно масовност што дополнително ја отсликува состојбата на умот во која се наоѓа македонското општество и мнозинството од граѓаните.

Околу стотина граѓани се собраа во паркот „Жена Борец“ во Скопје, каде го блокираат булеварот „11 Октомври“ пред Собранието во знак на протест по фемицидот во Велес кога 31-годишната Росица Колева и нејзиниот татко беа свирепо убиени од страна на нејзиниот поранешен партнер Илија С.

  • „Оваа блокада, како што гледате, не е многу бројна. Се чини дека дури и во смртта крикот за помош на Росица не се слуша, не одекнува, потиснат е од дневно политички теми кои не засегаат никого освен партиите и нивните тесни интереси”, рече една од организаторките на блокадата алудирајќи на фактот дека со месеци наназад Росица барала помош од институциите но била оставена на милост и немилост на нејзиниот убиец.

„Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме дека нема да има ниту една повеќе. Никој нема да дојде да нè спаси, овој систем не нè штити, насилството се игнорира и кога се пријавува“, додаде таа.

Друг говорник рече дека „треба да покажеме дека одбиваме да живееме во оваа нормалност”.

Ова е втор ваков протест, но се чини дека нема доволно масовност што дополнително ја отсликува состојбата на умот во која се наоѓа македонското општество и мнозинството од граѓаните.

Учесниците во протестот посочија дека жените во оваа држава, како и во светот, не се заштитени.

  • Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме – ниту една повеќе, беше кажано на настанот.

На протестот повторно беа побарани измени во Кривичниот законик, и беше најавено дека вакви собири се планира да се одржуваат секој четврток. Испратен беше повик сите заинтересирани да го кажат своето искуство на темата и да ја споделат својата приказна.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top