Македонија

Протест во Аеродром: Граѓаните бараат итно решавање на проблемот со загадувањето од „Вардариште“

Присутните на протестот ги потсетија надлежните дека истиот воздух го дишат и тие и дека треба посериозно да пристапат кон решавање на овој проблем .

Жители на скопската општина Аеродром повторно доцна попладнево излегоа на протест на кој го искажаа својот револт поради загадувањето на воздухот што доаѓа од дивата депонија Вардариште, каде што пред десет дена избувна голем пожар. Иако пожарот е изгаснат, во оваа општина со денови се чуствуваше непријатна миризба на чад од изгорени материјали, од кои некои и токсични, што предизвика револт кај граѓани од овој дел на главниот град. 

Протестот и денеска се одржа на крстосницата помеѓу булеварите „Србија“ и АСНОМ, конкретно пред мостот „Киро Глигоров“.

Пренесувајќи ја атмосферата од денешниот собир, кој е на иницијатива на граѓанската организација „Стоп за Вардариште“, телевизија Телма објави дека за разлика од протестите што се одржуваа претходнит денови на овој можат да се слушнат и свирежи и пораки до надлежните дека депонијата во Вардариште повеќе не смее да постои и дека проблемот мора да се реши под итно.

Дел од присутните граѓани носеа и транспаретни, а на еден од нив, како што пренесе телевизијата, можело да се прочита натпис „Премиерот дише исти или различен воздух“, Станува збор за алузија на  вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој, коментирајќи ги последиците од пожарот во депонијата „Дрисла“, рече дека иако визуелно изгледа дека воздухот во Скопје е загаден, сепак, испитуваните параметри на штетни честички не се така алармантни.

Во тој контекст, жителите на Аеродром што излегоа на денешниот протест упатија порака до надлежните дека истиот воздух го дишат и тие и дека треба посериозно да пристапат кон решавање на овој проблем.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top