Македонија

Пумпите дадоа „зелено светло“ за поевтинување на горивата за 2, па и за 3 денари по литар

Економската фела, коментирајќи ги предлозите за привремено укинување или намалување на акцизите, велат станува збор за мерка која може да се разгледа, но со голема претпазливост. Искуствата на земјите од ЕУ велат дека таквата мерка покажала дека какво било привремено укинување на фискалните или на парафискалните давачки носи многу краткорочни резултати, кои на долг рок не се покажале доволно ефикасни.

Од сега, на бензиските пумпи во земјава се точи бензин и дизел по намалени цени од 2 денари по литар, односно ја испочитуваа препораката на Владата. Исклучок е само „Макоил“, каде што дизелот, бензинот 95 и автоплинот се со намалени цени за 3 денари по литар. Од сите поголеми, како што се „Макпетрол“, „Лукоил“, „Макоил“, „ОКТА-Пуцко Петрол“, потврдија дека бензинот еуросупер 95 се продава по 84,5 денари од литар, еуросупер 98 чини 86,50 денари од литар, а еуродизелот 90 денари од литар. Нема намалување на цената на екстралесното масло, тоа и натаму се продава по 89,50 денари одлитар.

Некои од компаниите ја објавија веста за намалувањето на своите веб-страници, но и на „Фејсбук“, без да се прецизира до кога ќе важат намалените цени. За разлика од нив, бензиските пумпи „Макоил“ објавија дека попустот на дизелот, бензинот 95 и на автоплинот за 3 денари од литар ќе важи до крајот на овој месец. Исто така, посочуваат дека цената може да се договори ако се купува поголемо количество гориво.

„Макпетрол“, иако претходно се изјасни дека според нив најсоодветно решение е замрзнување на набавните и на малопродажните цени на горивата, по примерот на некои европски земји, со цел да се избегнат дополнителни економски последици, сепак и тие ги намалија цените на горивата за 2 денари од литар. Oд ОКТА соопштија дека претходно најавениот попуст е применет за сите трговци на големо и мало кои набавуваат горива од ОКТА.

  • Оваа придобивка е обезбедена преку кредитни одобренија издадени на 13 март 2026 или директно е пресметана во фактурите за продажба издадени на 16 март 2026, со што се овозможува негова целосна практична примена. Иницијативата е доброволна и им овозможува на трговците да ја пренесат придобивката на крајните потрошувачи. Сепак, трговците на големо и мало, имаат целосна слобода самостојно да ги одредат своите продажни цени – велат од ОКТА.

Од Асоцијацијата „Макам-транс“ велат дека поскапувањето на горивата не може да се избегне, но нагласува дека сознанијата од минати вакви кризи покажуваат дека ваквите зголемувања обично со задоцнување влијаат на транспортните цени, па можно е да има реакции од превозниците ако трендот продолжи.

  • Превозници кои возат поединечни превози можат да ја качат цената на превозот, но цените не можат да ги сменат оние превозници кои се врзани со годишни договори со компаниите што работат во слободните зони, ако од другата страна нема добра волја – вели Муратовска.

Од „Макам-транс“ доставиле до Владата и Министерството за финансии одредени мерки што би им ги намалиле трошоците на превозниците. Муратовска вели дека како краткотрајна мерка која ја најави и премерот е намалување на данокот од 18 на 10 проценти или на акцизите за горивата кои изнесуваат 22 денари за бензините и 15,5 денари за дизелот.

Паралелно, професорите од економската фела во регионот коментираат дека последиците од покачувањето на дериватите нема да бидат ограничени само на пазарот на нафта и гас, и дека први на удар се индустриите што се директно поврзани со енергентите, транспортот и логистиката, што понатаму би се прелеало врз производството и преработката на храна.

Најнови вести од: Македонија

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

To top