Македонија

Радуков не сака да верува дека односите со Бугарија се користат како изговор за недостиг од реформи

Бугарскиот амбасадор во Скопје во интервју за „Коха“ ја цитира Фон дер Лајен дека „топката е во вашата половина од теренот“

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Желјаско Радуков, „не сака да верува“ дека кај западниот бугарски сосед односите со неговата земја се користат како изговор за немање волја или способност за реформи што ги бара евроинтегративвниот процес.

„Европската перспектива на вашата земја јасно постои и нејзиното остварување зависи единствено од политичката и општествената волја во Северна Македонија да ги исполни условите, одамна договорени од сите земји-членки на ЕУ.

Ние вложивме напори да ја поддржиме оваа определба – како што се сеќавате, пред неколку месеци бугарскиот парламент усвои правно обврзувачка одлука, која не само што ја потврди нашата целосна почит кон Европскиот договор од 2022 година, туку и јасно нагласи дека нема да одиме надвор од неговата рамка. Не може да има подобра гаранција за тоа дека ве гледаме како вредни идни членки на нашата Унија. Во тој контекст, роковите за надминување на пречките целосно зависат од вас.

Овде сè почесто слушам загриженост дека односите со Бугарија се користат како погоден изговор за недостиг од волја или способност да се спроведат неопходните реформи. Не сакам да поверувам во овој аргумент. Со голема надеж, ќе си дозволам да ја цитирам претседателката Урсула фон дер Лајен: ‘Топката е во вашата половина од теренот’“, изјави Радуков во интервјуто за весникот „Коха“.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top