Македонија

Рамадани од НАИ ги прогласува Албанците како „државотворен народ“, исто како Македонците, и повикува „заедно рамноправни да ја однесат земјата напред“!

Блеранд Рамадани, генералниот секретар на крилото во Алијансата за Албанците на Зијадин Села, во коалицијата Национална алијанса за Албанците на ДУИ и Ахмети, едновремено и кандидат за градоначалник на Сарај, испраќајќи ја до Македонците „пораката од „Албанците-државотворци“, само уште еднаш ја повтори целта и на Али Ахмети и ДУИ: да добијат и Албанците во Македонија уставен статус како „рамноправен државотворен народ“, напоредно со Македонците…



Блеранд Рамадани вечерва учествуваше на отворањето на изборниот штаб на нивната коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ) во Долнени. Оттаму тој испрати порака дека иднината не се гради врз поделба, туку врз партнерство и соработка. Според него, само како рамноправни државотворни народи Албанците и Македонците можат да ја однесат напред оваа земја. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“. Инаку, Блеранд Рамадани е генерален секретар на крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците на Зијадин Села и кандидат за градоначалник на Сарај од редовите на опозициската коалиција на ДУИ и Али Ахмети.

Натаму, Тетова сот“ ја пренесува објавата на Рамадани на општестената мрежа: „Отворањето на штабот на Националната интеграција за интеграција во Долнени е чекор, што сведочи за нашето единство и решителност. Од ова место испраќам јасна порака: Иднината не се гради врз поделба, туку врз парнерство и соработка. Албанци и Македонци, само како рамноправни државотворни народи можеме да ја одведеме напред оваа земја!“

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top