Македонија

Рамиз Мерко пак на суд

Во Основниот суд во Струга продолжува рочиштето против градоначалникот на Струга, Рамис Мерко, поради обвиненија за незаконско именување на директори во четири основни училишта. На последното рочиште беше завршена доказната постапка, а Мерко нагласи дека не сторил ништо противзаконски, туку само ги потпишувал актите подготвени од надлежните служби. Според него, во случај да имало некаква […]

Во Основниот суд во Струга продолжува рочиштето против градоначалникот на Струга, Рамис Мерко, поради обвиненија за незаконско именување на директори во четири основни училишта.

На последното рочиште беше завршена доказната постапка, а Мерко нагласи дека не сторил ништо противзаконски, туку само ги потпишувал актите подготвени од надлежните служби.

Според него, во случај да имало некаква неправилност, Министерството за образование би му ги одземало надлежностите, што не се случило.

Мерко посочи дека поранешниот министер за образование Јетон Шакири бил запознаен со процесот и дозволил именување на вршители на должност директори и од редовите на лица кои не се вработени во училиштата, доколку меѓу вработените нема заинтересирани кандидати.

Дополнително, Мерко тврди дека директорите кои се именувале немале директни состаноци со него, туку биле назначени од страна на министерот, па затоа тој се прашува зошто е обвинет само тој, а не и надлежниот министер.

Пред Судот во Струга против Мерко во тек се судски процеси и за други обвиненија за несовесно работење во службата.

Струшкиот суд на 9 јуни донесе ослободителна пресуда за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра.

Тој е и на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД), поради вмешаност во корупција. 

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top