Македонија

Ратификацијата на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија

 Договорот беше потпишна во Ѓуешево на 6 ноември  од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов

Пратениците во Собранието денеска ќе гласаат за ратификација на Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел.
 Договорот беше потпишан во Ѓуешево на 6 ноември  од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов.

Со него се уредуваат техничките, финасиските, правните и организациските прашања поврзани со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел во насока Софија-Ѓуешево – Крива Паланка-Скопје.

 

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри од кои 1,2 километри на територијата на државава.

Николоски: Македонија и Бугарија се договорија за заедничкиот тунел од пругата, проблемот со железницата беше инженерски, а не политички

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top