Македонија

Разумен предлог за фер сообраќајни казни со ,,Сејф сити”

Пет промени што можат да им спасат стотици милиони евра на возачите

Бизнисменот и кандидат за градоначалник на Струга Роберт  Милески дава неколку сугестии како да функционира системот Сејф сити кој со помош на камери ќе ги казнува граѓаните за сторени сообраќајни прекршоци.

 

Предлозите звучат многу разумно:

 

1. Рокот за плаќање на казните за сообраќајни прекршоци треба да се зголеми на месец дена, а не на 8 дена.

 

2. Казните се превисоки за македонски услови. Треба да бидат трипати помали за прв престап, па поголема за втор, и потоа многу висока.

 

3. Треба да се регулира временски период за различна санкција за поминување на црвено светло – не е исто да поминеш во првата секунда, втората секунда, и подоцна.

 

4. Мора да има минимум 10% законска толеранција за брзината на движење, а радарите да се постават да сликаат после пречекорување на 15% или 20% од дозволената брзина.

 

5. Треба да се воведат 18 поени за секој возач. Но, не истите да служат за неплаќање на казни, како претходно, туку истите да се доделуваат автоматски. На возачот му се бришат 2 поени, ако во рок од 1 или 2 години не стори повторно прекршок. Постигна 18 поени, добиваш награда – целосно губење на возачка дозвола, и после 1 година повторно полагање, а претходно да добиеш дозвола од лекар и психолог (медицинско-психолошко испитување). Врз основа на бројот на собрани казнени поени, регистрацијата на возилото треба да се зголемува повеќе и повеќе.

 

,,Сакате ред? Еве вака се прави. И праведен за граѓаните, а воедно остар за повторувачите на сообраќајни прекршоци”, пишува Милески.

Доколку МВР не направи промени а возачите не го запрат темпото со кое прават сообраќајни прекршоци државниот буџет на годишно ниво ќе добива стотици милиони евра само од казни.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top