Македонија

Ренџерите од Националниот парк Маврово спасија повреден планинар

Благодарение на брзата реакција на надлежните служби, повреден планинар е успешно лоциран и евакуиран од планинскиот терен во Националниот парк Маврово.

Благодарение на брзата реакција на надлежните служби, повреден планинар е успешно лоциран и евакуиран од планинскиот терен во Националниот парк Маврово.

По пријава преку Единствениот број за итни повици 112, Центарот за управување со кризи – Регионален центар Тетово веднаш остварил координација со СВР Тетово, Полициската станица Маврово и Јавното претпријатие Национален парк Маврово.

Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба. Потоа започнало негово безбедно спуштање кон селото Жужње, каде бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар и транспортиран за понатамошен медицински третман.

„Благодарение на брзата реакција и навремената координација на сите надлежни служби, повредениот планинар е безбедно евакуиран и во стабилна состојба“, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.

Најнови вести од: Македонија

Партијата на Али Ахмети е против идентификациската одредница „Македонска“ за АРМ и вели „не е имот само на македонската етничка заедница“?!

„На Денот на Армијата на Република С.Македонија Министерството за одбрана официјално ја воведе како ‘Македонска армија’. Во уставниот поредок, дефиницијата ‘Македонец’ е поврзана само со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република С.Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата.“  – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение, во кое реагира во врска со идентификациската одредница „Македонска“ за Армијата на Република Македонија.

Кинеска компанија ќе гради фотоволтаични централи во Осломеј и Битола

Според известувањата на Европската банка за обнова и развој ЕСМ кон крајот на јуни потпишала два договори со кинеската компанија, а завршувањето на проектите е предвидено до 13 август 2027 година

To top