Македонија

Ресенчанец возел и без дозвола и пијан

Ноќеска, во 02:18 часот по полноќ, кога полициски службеници од ОВР Ресен извршиле сообраќајна контрола во селото Јанковец и го сопреле патничкото возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од 27-годишен жител на село Јанковец, ресенско. Возачот, идентификуван како Д.К. (27), бил под дејство на алкохол, а при проверката било утврдено дека не поседува ни […]

Ноќеска, во 02:18 часот по полноќ, кога полициски службеници од ОВР Ресен извршиле сообраќајна контрола во селото Јанковец и го сопреле патничкото возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од 27-годишен жител на село Јанковец, ресенско.

Возачот, идентификуван како Д.К. (27), бил под дејство на алкохол, а при проверката било утврдено дека не поседува ни возачка дозвола.

„Кај лицето е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2.38 промили, што претставува сериозен ризик за сообраќајната безбедност. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и приведен во полициска станица“, информираат од СВР Битола.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top