Македонија

РЕсет со Реплек покрај Охридско Eзеро: Вежбајте со Елена Бубало во придружба на Емилија Колоска

Во рамките на РЕсет платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, под познатото мото „За мое добро“

Во рамките на РЕсет платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, под познатото мото „За мое добро“, продолжува серијалот вежбање на отворено со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, овој пат покрај езеро, во еден од најубавите градови во земјава, Охрид. Сесијата ќе се одржи на 9 август 2025 година (сабота), со почеток во 18.45 часот, на плажата Бафало, пред скејт паркот, а организаторите и за овој РЕсет тренинг најавуваат позитивна атмосфера и неповторливо искуство.

И оваа сесија е дел од серијата бесплатни настани за вежбање и работилници кои ги реализира Реплек, како дел од РЕсет – платформата за добросостојба, за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила, а со цел да се подобри нивото на општото здравје кај граѓаните.

На овој тренинг на зајдисонце РЕсет тимот – Реплек и Елена Бубало ќе добие засилување, односно локална поддршка од фитнес инструкторката Емилија Колоска, со цел учесниците да добијат уште подобро и побалансирано доживување.

Сесијата ќе биде прилагодена за сите возрасти, без оглед на претходната физичка подготвеност на учесниците, а препораката за нив е само со себе да понесат простирка за вежбање и добро расположение, додека за сѐ друго ќе се погрижи РЕсет тимот на Реплек. Покрај тоа, во РЕ зоните на Реплек ќе добијат препораки за добросостојба и совети за РЕсет на умот, телото, кожата и насмевката.  

Настанот ќе биде отворен за јавноста, а пријавувањето на учесниците е на следниов линк:  https://shorturl.at/4ToQF.

Ова е веќе петто издание на настанот во рамките на РЕсет платформата, чија цел е да поттикне позитивни лични и колективни промени во општеството преку конкретни активности за промоција на менталното и физичкото здравје, реализирани со поддршка на професионалци и експерти од релевантни области.

Во јуни годинава, во рамките на оваа платформа, се одржа една од најголемите фитнес сесии под отворено небо во нашата земја, во Паркот на Франкофонијата во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

To top