Македонија

Ристески: Силно сме посветени на процесот на зелената транзиција и систем чии приоритети се еколошка одржливост, социјална правда и економски раст

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески се обрати на стручна конференција на тема „Создавање на зелени работни места во Македонија – Можности за вработување во контекст на управување со отпад, национални паркови, одржлив туризам и зелена грижа во рурални средини“, која е во организација на амбасадата на Австрија и австриското федерално министерство на за […]

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески се обрати на стручна конференција на тема „Создавање на зелени работни места во Македонија – Можности за вработување во контекст на управување со отпад, национални паркови, одржлив туризам и зелена грижа во рурални средини“, која е во организација на амбасадата на Австрија и австриското федерално министерство на за труд, социјални работи, здравствена заштита и заштита на потрошувачите. На конференцијата ќе се обратат голем број на претставници на министерствата и државни тела и институции од областа на трудот од двете држави, каде ќе се разменат искуства и позитивни примери за мерките и активностите од областа на зелената економија, транзиција и креирањето на нови зелени работни места, управување со отпад, одржлив туризам и зелена грижа во руралните региони.

– Потребата од зелената трансформација денес е неопходна, климатските промени веќе влијаат врз нашата економија, енергетика и секојдневие. Затоа, да ја прифатиме не само како обврска, туку и како можност за економски развој, нови инвестиции и нови вработувања. Како Министерство за економија и труд силно сме посветени на процесот на зелената транзиција поточно транзиција во зелена економија, која е систем чии приоритети се еколошка одржливост, социјална правда и економски раст, која подразбира раст кој ќе ги задоволи потребите на сегашните без да се загрозат идните генерации – кажа заменик-министерот Ристески.

Ристески во своето обраќање се осврна на активностите на Владата и министерството за економија и труд преку кои се промовира и поддржува процесот на зелената транзиција на домашните компании и креирањето на зелени работни места.

– Во рамки на Оперативниот план за вработување, преку мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ обезбедуваме поддршка на домашните компании кои инвестираат во зелени технологии и практики со цел отворање нови работни места. Со ова го поттикнуваме создавањето на нови вработувања во приватниот сектор преку воведување на зелени производи, услуги, технологии или процеси во претпријатијата, а во четирите години од кога заедно со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја спроведуваме, резултира со околу 400 нови зелени работни места во 228 компании – додаде Ристески.

Во рамки на денешната стручна конференција свои обраќања и презентации имаа и амбасадорот на Австрија Н.Е. Мартин Памер, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски, заменик амбасадорот на Делегацијата на Европска Унија Бен Нупнау, аташето за социјални прашања при австриската амбасада во Скопје Харалд Бреза-Фугер, директорката на Јавното претпријатие за вработување во Австрија Петра Драксл, како и директорот на Агенцијата за вработување на Македонија Сељатин Бељули. Овој настан има за цел да ја промовира институционална размена и споделување на добри практики од Австрија во областите на управување со отпад, национални паркови, одржлив туризам и зелена грижа во руралните региони.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top