Македонија

Утка до утка, правено на CHATGPT, Ризвановиќ за стратегијата на СДСМ

Аналитичар кој не може да биде обвинет дека е близок на ВМРО-ДПМНЕ со незгодна оценка за тоа што го прави СДСМ

Не знам кој ја прави стратегијата на опозицијата ама се редат утка до утка, забележува уредникот Сеад Ризвановиќ кој важи за неутрален набљудувач и аналитичар кој не може да биде обвинет за близок на власта.

Во врска со ,,Фронт за слобода” кој го формираше СДСМ Ризвановиќ смета дека е преземен од северниот сосед и е погрешен чекор?

,,Мислам ок е, да се употребуваат рандом кованици препишани од Србија, ама реално Македонија во моментов нема некој посебен проблем поврзан со генералните слободи, изборите или слобода на медиумите

Има тони други проблеми кои можеле да бидат лајтмотив на “фронтот” ама ова навистина звучи како стратегија правена со Chatgpt”, смета Ризвановиќ.

Лидерот на СДСМ Филипче засега не открива кој се ќе биде дел од фронтот. Единствен кој јавно беше промовиран е лидерот на НСДП Горан Мисовски кој никогаш не ја запре блиската соработка и делува како дел од СДСМ.

Филипче вчера ги повика сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот.

Засега нема многу одговори.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top