Македонија

Роденденското писмо од Панчо до синот Андреја обелиск за татковската љубов

„Најважно е да бидеш добар човек, бидејќи сè помалку на светот ги има таквите“, му порача членот на ДНК на синот фудбалер

Во моментите кога семејството на Владимир Блажев-Панчо од ДНК и неговите обожаватели се подготвуваат за утрешното испраќање кон вечното почивалиште на 63. жртва од мартовскиот трагичен пожар во кочанската дискотека „Пулс“ како светулка во мракот сјае неговата минатогодипна роденденска порака до синот Андреја, осветлувајќи ја неговата димензија на татко во највистинската смисла на зборот.

„Како денес се сеќавам кога првпат те видов. Да бидам искрен, ми беше страв да те земам во раце бидејќи беше голем колку една кифла.

Те видов и вчера, ама веќе не ми беше страв, бев многу горд и среќен за тебе.

Од оваа година започнуваш едно ново поглавје во твојот живот, за кое сум убеден дека ќе те направи само подобар човек и ќе ти го изгради карактерот во вистински правец.

Драго ми е дека успеа да станеш дел од ФФМ академијата, бидејќи знам колку ти значеше истото и знам колку го сакаш фудбалот и спортот.

Јас само сакам да ти посакам среќа и кажам дека секогаш ќе ја имаш мојата поддршка и дека секогаш ќе бидам тука за тебе, без оглед на сè.

Во моментов треба да ги бркаш твоите соништа, да си свесен дека сè е возможно доколку максимално се посветиш на истото и најважно е да го правиш она што те прави среќен.

Немој никогаш да ги слушаш оние кои ќе ти викаат дека постојат невозможни работи, бегај од таквите, бидејќи тој профил на луѓе можат само да те туркаат надоле.

Погоре ти кажав, сонувај и дај максимум од себе за истите да ти станат јаве.

Ако ме прашаш мене, знаеш дека најмногу на свет сакам да станеш професионален фудбалер, бидејќи и сам знаеш колку многу го сакам спортот.

Но, исто така, сакам да знаеш дека ќе бидам исто толку горд на тебе доколку станеш келнер, молер, уметник, шофер или продавач на тезга и секогаш ќе те сакам безусловно.

Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко.

На тоа ме учеше мајка ми, баба ти Каќуша која многу те сакаше и јас пробувам да ти го пренесам истото, а тоа е да бидеш добар човек бидејќи сè помалку на светот ги има таквите.

Да помагаш на послабите, да делиш со оние кои немаат или имаат помалку од тебе, да бидеш чесен и искрен, да се грижиш за природата и да сакаш, без оглед на сите разочарувања кои ќе ги доживееш низ патувањето наречено ‘живот’.

Имам уште многу што да ти напишам и кажам, но ќе скратам, и уште еднаш ќе ти ја посакам и испратам најголемата среќа на овој свет, па дај Боже да те гледам на зелените терени.

Те сакам“, му напиша Панчо на синот Андреја.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината

Законот за високо образование нема да се повлече, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања од опозицијата рече дека нема намера да ги повлече предложените измени во Законот за високо образование, наспроти поплаките од универзитетите и барањата од опозицијата тоа да го стори.

Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: стратегиското партнерство ја јакне безбедноста на Македонија!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема, обезбедена во соработка со американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал.

Вчера уапсени шестмина, возеле без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол!

Во текот на вчерашниот ден, полицијата на целата територија на Македонија лиши од слобода шест возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија и еден под дејство на алкохол.

To top