Македонија

Родител на дете фудбалер на „Шкупи“ нападнал и повредил деца фудбалери на „Брегалница“

Тежок иницидент во Штип

43-годишен родител на фудбалер од скопскиот фудбалски тим „Шкупи“ физички нападнал и повредил два малолетни фудбалери на „Брегалница“ за време на одигурвање на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на двата тима одигран на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, велат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека двајцата малолетници биле пренесени во Клиничката болница во Штип за укажување помош, а веднаш по нападот, напаѓачот бил уапсен од полициски службеници од СВР Штип.

„Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Од штипската Клиничка болница велат дека на повредените фудбалери првично им биле констатирани телесни повреди, а Генералниот секретар на фудбалскиот клуб „Брегалница“, Александар Иванов за МИА изјави оти инцидентот се случил кон крајот на натпреварот откако судуијата му доделил црвен картон на еден од фудбалерите на „Шкупи“. Инаку, станува збор за фудбалери од генерацијата 2009-2010 година, а и двајцата повредени се на возраст од 15 години.

Неофицијално, веднаш по исклучувачкиот старт, дел од присутните родители на гостинските играчи влегле на теренот и ги нападнале играчите на „Брегалница“.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top