Македонија

Рокас ѝ честита на Македонија за енергетската стратегија

На претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват, премиерот Хрисијан Мицкоски најави дека ќе презентира иницијатива со која земјите од Западен Балкан можат да станат значаен производител и снабдувач на чиста енергија за Европа

„ЕУ е силно фокусирана на спроведување на енергетските планови и постигнување на целите, и во оваа смисла би сакал да ѝ честитам на С.Македонија за усвојувањето на енергетската стратегија и план и за напредокот што го постигна во планот за праведна транзиција.
Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе се спроведуваат, преку рамката на Енергетската заедница, и тие силно ќе го обликуваат патот кон членство во ЕУ“.

Ова го изјави амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, во својот говор на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – MEF 2026.

Тој додаде дека за Македонија, реформите се приоритет, усвојувањето на законодавството за обновливи извори, како и заштитата на ранливите категории граѓани.

„Нема сомнение дека мора решително да одговориме на енергетската безбедност со која се соочуваат регионот и Европа. За нас, двете работи, климатската транзиција и енергијата, се поврзани и неопходни, меѓу другото, поради оскудните енергетски ресурси што ги има на располагање Европа“, рече Рокас.

Тој нагласи дека европскиот пејзаж претрпува големи промени поради геополитичките и стратешките перспективи, и затоа се менува енергетската перспектива.

Во истиот контекст премиерот  Христијан Мицкоски, синоќа објави дека на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват, ќе презентира иницијатива со која земјите од Западен Балкан можат да станат значаен производител и снабдувач на чиста енергија за Европа.

„Соочен со растечката глобална побарувачка за електрична енергија, особено поради развојот на вештачката интелигенција и центрите за податоци, нашиот регион има потенцијал годишно да обезбедува околу 260 TWh нова обновлива енергија“, напиша Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил.

Тој истакнува дека ова претставува можност за создавање бизнис вреден околу 26 милијарди евра годишно и шанса Западен Балкан да се позиционира како важен партнер во енергетската иднина на Европа.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top