Македонија

Рокас: Македонија постигна значителен напредок, но има дополнителни предизвици кон европскиот пат

Во Собранието денеска ќе се одржи Презентација на Извештајот за напредок на Република Македонија од Европската комисија.

Денес во Собранието ќе се одржи презентација на Извештајот за напредокот на Република Македонија, подготвен од Европската комисија. Овој документ ќе го презентира амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.

Во извештајот се истакнува дека Македонија постигнала значителен напредок во спроведувањето на реформите од Реформската агенда, што се потврдува и преку исплатата на две транши средства во рамките на Планот за раст на Западниот Балкан. Овој извештај, кој Европската комисија официјално ќе го објави денес, ја оценува траекторијата на земјата кон европската интеграција.

Македонските власти продолжија да работат на имплементацијата на патоказите за владеењето на правото, на реформата на јавната администрација и на функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, се наведува во документот.

Сепак, се забележува дека земјата мора да ги интензивира напорите за почитување на владеењето на правото, особено во заштитата на независноста и интегритетот на судството, како и да ја засили борбата против корупцијата. Во оваа област се оценува дека е постигнат „ограничен напредок“ во судските реформи.

Како позитивен развој се издвојува формирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, при што се констатира одреден напредок во плурализмот, слободата на медиумите и слободата на изразување.

Европската комисија во извештајот посочува дека земјата е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и дека е една од државите што се приклучила на Конвенцијата за заеднички транзит, со цел да се забрза движењето на стоките преку границите.

Документот повторно го нагласува претходниот став за потребата од спроведување „со добра волја од сите страни“ на склучените билатерални договори, вклучувајќи го Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Исто така, се нотира дека сè уште не се усвоени уставните амандмани за вклучување во Уставот на граѓани кои не претставуваат мнозинство, како што се Бугарите, обврска што земјата ја презела.

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

Силјановска-Давкова: Ние сме рекордери во промената на Уставот, за три децении 36 пати!

Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор – истакна денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на отворањето на научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија. Конференцијата е во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

To top