Македонија

Руте му ,,плесна” шлаканица на Филипче (ВИДЕО)

Филипче требало да знае дека со несериозните напади кон наводниот режим на Сиљановска-Давкова и Мицкоски најголема штета и направи на својата сопартијка Шеќеринска

Два дена откако лидерот на СДСМ Венко Филипче ја даде изјавата во која ја спореди Македонија со Иран и Венецуела тој доби индиректна дипломатска шлаканица од првиот човек на северноатланската алијанса Марк Руте.

Руте на средбите со претседателката Сиљановска-Давкова, премиерот Мицкоски и спикерот Гаши особено на прес конференцијата со претседателката искажа апсолутна поддршка и благодарност за Македонија што не е вообичаено да се упатува до режим.

Наспроти Филипче кој побара САД да ја третираат Македонија со владата на ВМРО-ДПМНЕ како режим сличен на Иран и Венецуела, а кои Вашингтон воено ги нападна, генералниот секретар на НАТО Руте од Скопје упати зборови со пофалби и поддршка за земјата која ја води ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од Филипче чии зборови за наводниот режим на ВМРО-ДПМНЕ јавноста ги доживеа како барање Македонија да биде бомбардирана од САД, генералниот секретар на прес конференција по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова посочи дека Македонија е вреден сојузник на НАТО.

„Македонија игра значајна улога во безбедноста на Западен Балкан. Регионот е од стратешко значење и нема да дозволиме да се појави безбедносен вакуум“, посочи Руте меѓу другото и ја пофали поддршката на Македонија за Украина.

Како може земјата да биде вреден сојузник според Руте ако според Филипче во Македонија има режим, засега лидерот на СДСМ не објаснува.

Ако се земе предвид дека Руте не се сретна со Филипче чија партиска другарка Радмила Шеќеринска е заменичка на генералниот секретар, може да се зборува и за двојна шлаканица.

Индиректниот демант за изјавата на Филипче кој дојде од првиот човек на НАТО, освен што покажува дека СДСМ не ја гледа големата слика, посочува и на целосно непознавање на состојбите и позицијата на Македонија во светот во време на Сиљановска-Давкова, Мицкоски и Гаши.

Ако Филипче помислил дека со паушални обвинувања може да ја оцрни претседателката Сиљановска-Давкова и владата на ВМРО-ДПМНЕ пред НАТО и другите западни партнери можел да ја праша Шеќеринска дека такви аматерски обиди не минуваат во светот на сериозната меѓународна политика.

Филипче требало да знае дека со несериозните напади кон наводниот режим на Сиљановска-Давкова и Христијан Мицкоски најголема штета и направи на својата партија но и на заменичката на Руте, сопартијката Шеќеринска, која ќе треба да објаснува зошто шефот на СДСМ барал бомбардирање на Македонија од САД кои се главни фактори во НАТО.

Што точно била целта на Филипче може само да се претпостави.

Целата прес конференција на Руте со претседателката Сиљановска-Давкова

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (“Samsung“) ги претстави Galaxy А57 5G и Galaxy A37 5G уредите, со професионални функции по одлична цена

Galaxy A57 5G и A37 5G имаат елегантен дизајн, моќна камера и надградена Awesome Intelligence вештачка интелигенција за да им дадат самодоверба на корисниците во секојдневната употреба

Почна судењето на деветмината, на чело со ексдиректорот Стоилов, обвинети за примање и давање мито над 50 илјади евра за ИПАРД фондовите

Деветмина обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, на чело со ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, седнаа на обвинителна клупа во Кривичниот суд на судењето за митото поврзано со ИПАРД фондовите.

ЗНМ остро реагира за однесувањето на новинарот во Тетово кон министерката Весна Јаневска

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија реагираше на однесувањето на новинарот Невриј Адеми за време на прес-конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово. Од ЗНМ потенцираат дека правото на новинарите слободно да поставуваат прашања и да известуваат критички е неотуѓиво и суштинско за едно демократско општество, но истовремено подразбира и обврска за почитување на етичките и професионалните норми.

To top