Македонија

Сали до Ахмети: Зошто вашето семејство купи акции од Мијалков и тие завршија во банката на Вучиќ? Колку милиони евра чини вашиот „патриотизам“?

„Политичката афера на лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговата партија ДУИ е и криминал, што бара итна одговорност!“ – став на коалицијата Вреди, кој го искажа пратеникот од нејзините редови Беким Сали.

„Беким Сали, пратеник од коалицијата Вреди денес на прес-конференција нагласи дека четврти ден по ред во ДУИ владее молк и паника во врска со аферата со продажбата на акции на српска банка од страна на член на семејството на Али Ахмети.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

Порталот ја пренесува изјавата на Беким Сали: Фактите се јасни. „АС Сењак“ е компанија со минимален број вработени и без реална активност, но има промет од милиони евра. Приходите речиси целосно се совпаѓаат со тендерите, што ги добиваат општините, со кои раководи ДУИ. Со тие пари акции се купуваат од компанија во сопственост на Мијалковиќ, а потоа се продаваат на банката на Вучиќ. Само шест дена по продажбата, општина раководена од ДУИ, ѝ доделува на „АС Сењак“ два нови договора со вредност од 90 милиони денари – еден и пол милион евра. Ова не може да се нарече случајност, туку исплата и награда за успешно завршена операција.

И поради оваа причина прашуваме: Али Ахмети, зошто вашето семејство купи акции од Сашо Мијалков? Зошто тие акции завршија во банката на Вучиќ? Дали тендерот од еден и пол милион евра беше цената за тој договор? Колку станови, колку тендери и колку милиони евра чини вашиот „патриотизам“?

Ова а не е само политичка афера, туку и криминал што бара итна одговорност. Парите на граѓаните беа искористени за лични бизниси и за договори со структури, што работат против интересите на Албанците. Времето на молчење заврши. Сега е време за вистина и правда. – заклучува пратеникот од Вреди Беким Сали, објави „Алфакс“.

Најнови вести од: Македонија

Комисијата по жалби го поништи тендерот МВР за униформи

Компанијата чија понуда била избрана за најдобра за делот за виндјакна и за теренска униформа за редовната полиција, не ги исполнувала самостојно условите за минимален број на вработени и други критериуми туку приложила т.н. техничка поддршка од фирма од Србија

To top