Македонија

Салиу со поддршка од Бугарија – на македонските стадиони ќе се вееле и бугарски, не само албански знамиња?!

Бугарската фондација „Македонија“ ја искористи кавгата меѓу новинарот и ФФМ за нова провокација

Фото: Фејсбук страница на Фуркан Салиу

Бугарската фондација „Македонија“ на Виктор Стојанов, кој има забрана за влез во државава на неопределено време поради своите антимакедонски ставови и активности, излезе со јавна поддршка за новинарот Фуркан Салиу во неговата кавга со Фудбалската федерација на Македонија.

Салиу ја обвини ФФМ дека забранува внесување албански знамиња на стадионите низ Македонија, на што македонската „куќа на фудбалот“ остро реагира.

„Ниту ФФМ, уште помалку претседателот Масар Омерагиќ, побарале, ниту дале каква било наредба за отстранување на албански знамиња на натпреварот Шкендија Арачиново – Преспа. Таквите тврдења се целосно неточни и претставуваат груба манипулација со јавноста, со јасна намера да се создаде непостоечка политичка заднина таму каде што ја нема“, се огласија од Федерацијата.

„Не е јасно од кои причини Фуркан Салиу со невистини и манипулативни конструкции се обидува да наметне наратив кој единствено создава омраза и поделби. Свесното извртување на факти и пласирањето на ноторни лаги не е новинарство, туку опасна игра со јавноста“, порачаа од ФФМ.

На препукувањето меѓу новинарот и Федерацијата се налепи фондацијата „Македонија“ со уште една провокација против Македонија.

„Стремежот на Мицкоски кон еднонационална држава ќе ја доведе РСМ до катастрофа. На стадионите во Северна Македонија ќе се веат бугарски и албански знамиња, зошто РСМ е мултиетничка држава и тоа е запишано во Уставот на земјата од 2001 година наваму! Мицкоски ќе се научи да се сообразува со тоа!“, напиша фондацијата на Стојанов.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top