Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес го претстави првиот 130-инчен “Micro RGB“ телевизор во светот (модел R95H) на “CES 2026“, означувајќи го дебито на својот најголем “Micro RGB“ екран и смела нова дизајнерска насока за ултра-премиум екрани.
„Micro RGB“ претставува врв на нашата иновација во квалитетот на сликата, а новиот 130-инчен модел ја носи таа визија уште подалеку“, изјави Хун Ли (Hun Lee), Извршен потпретседател на одделот за Визуелни Екрани (Visual Display (VD)) во “Samsung Electronics“. „Го оживуваме духот на нашата оригинална дизајнерска филозофија воведена пред повеќе од една деценија за да испорачаме несомнено премиум екран, дизајниран со технологија за нова генерација.“
Смел дизајн што редефинира што се може телевизорот да биде
Впечатливата скала на “Micro RGB“ телевизорот, технологијата на бои од следната генерација и впечатливиот дизајнерски пристап го одразуваат долгогодишното лидерство на “Samsung“ во инженерската извонредност, обединето со врвна естетика. Со монументална рамка и подобрени аудио перформанси, екранот од 130 инчи е намерно дизајниран да изгледа помалку како телевизор, а повеќе како огромен, импресивен прозорец што визуелно ја проширува просторијата.
Телевизорот нуди модерна естетика, инспирирана од галерија, преку “Timeless Frame“, модерна еволуција на дизајнот “Timeless Gallery“ на “Samsung“ од 2013 година, сега со рафинирана рамка што ја отелотворува филозофијата на „технологијата како уметност“. Инспириран од рамката на еден грандиозен архитектонски прозорец, ултра големиот екран изгледа како да лебди во своите граници, трансформирајќи го телевизорот во уметнички централен дел што ја обликува просторијата. Звукот интегриран во рамката на екранот е внимателно избалансиран со големината на екранот, така што сликата и звукот се чувствуваат природно поврзани во просторот.
Врвно искуство за гледање кое одговара на неговата скала
Моделот “Micro RGB“ од 130 инчи ги содржи најнапредните “Micro RGB“ иновации на “Samsung“ досега. Овозможен од “Micro RGB AI Engine Pro“, “Micro RGB Color Booster Pro“ и “Micro RGB HDR Pro“,ја користи вештачката интелигенција за подобрување на тоновите и рафинирање на контрастот, испорачувајќи живописни бои и суптилни детали низ светли и темни сцени за реализам и верност на сликата.
Екранот ги подобрува перформансите на сликата со “Micro RGB Precision Color 100“, испорачувајќи 100% од широкиот спектар на BT.2020 бои. Сертифициран од “Вербанд дер Електротехник“ (Verband der Elektrotechnik (VDE)) за прецизна репродукција на “Micro RGB“ бои, произведува прецизно контролирани нијанси кои изгледаат реалистично на екранот. Моделот од 130 инчи, исто така, ја вклучува сопствената технологија “Glare Free“ на “Samsung“, која ги минимизира рефлексиите, дополнително зачувувајќи ја јасната боја и контрастот низ различни услови на осветлување за најдобро искуство за гледање.
Производот поддржува “HDR10+ ADVANCED“1 и “Eclipsa Audio“ за да обезбеди подобрен квалитет на слика и звук, како и подобрениот “Vision AI Companion“2 на “Samsung“, овозможувајќи разговорно пребарување, проактивни препораки и пристап до функции и апликации за “AI“ како што се “AI Football Mode Pro“, “AI Sound Controller Pro“, “Live Translate“, “Generative Wallpaper“, “Microsoft Copilot“ и “Perplexity“.
Првиот екран од ваков вид ќе биде прикажан во изложбената зона на “Samsung“ за време на “CES 2026“ во Лас Вегас, Невада.
![]()
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата Samsung Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.