Македонија

Самсунг (“Samsung”) Micro RGB телевизорот доби сертификати за безбедност за очите и за приказ на циркадијалниот ритам од институтот “VDE“

Компанијата ќе се стреми кон нови сертификати со попрецизна рамка за евалуација кај сите премиум модели

Самсунг Електроникс(Samsung Electronics) денес најави дека нивниот MicroRGB телевизор (модел R95H) ги доби сертификатите за “Безбедност за очите“ (Safety for Eyes) и за “Приказ на циркадијалниот ритам“ (CRD – Circadian Rhythm Display) од “Verband Deutscher Elektrotechniker“ (VDE), водечки глобален институт за тестирање со седиште во Германија.

Произлезени од пошироката “EyeCare Circadian“ сертификација на институтот “VDE“, овие сертификати применуваат попрецизна рамка за евалуација, независно потврдувајќи ја безбедноста на очите и поддршката за циркадијалниот ритам за поригорозна проценка на перформансите на екранот. Оваа промена им нуди на потрошувачите посеопфатна гаранција за удобно искуство при гледањето.

Поконкретно, сертификатот за “Безбедност за очите“ ја оценува безбедноста на екранот при долготрајно гледање преку анализа на светлосните емисии од дигиталните уреди, со посебен фокус на сината светлина и нејзиното влијание врз здравјето на очите. Во меѓувреме, сертификатот за “Приказ на циркадијалниот ритам“ испитува колку добро екранот го поддржува биолошкиот часовник на корисникот. Тој ја мери способноста на екранот да ја имитира природната светлина преку прилагодување на температурата на бојата и осветленоста врз основа на времето од денот, истовремено намалувајќи ја сината светлина во вечерните часови за да се спречи супресија на мелатонинот, со што се поддржува природниот циркадијален ритам и визуелниот комфор.

Samsung Micro RGB телевизорот ги исполнува строгите стандарди поставени од двата сертификати, демонстрирајќи ја својата посветеност на безбедноста и удобноста на очите. Напредната Micro RGB LED архитектура на екранот е особено значајна по тоа што прецизно ги прилагодува осветленоста и бојата за да создаде оптимални услови за гледање во кое било време од денот.

Откако веќе обезбеди сертификат за “Безбедност за очите“ за својата линија телевизори за 2026 година и за “Приказ на циркадијалниот ритам“ за премиум моделите, Samsung сега ја проширува сертификацијата за “Приказ на циркадијалниот ритам“ на поширок спектар производи.

Micro RGB телевизорот поставува нов стандард на пазарот на премиум телевизори со тоа што е верифициран и за безбедноста на очите и за поддршката на циркадијалниот ритам“, изјави ТејонгСон (Taeyong Son), Извршен Потпретседател на Бизнисот со Визуелни дисплеи (Visual Display) во Samsung Electronics. „Ќе продолжиме да испорачуваме технологии за екрани кои ги земаат предвид средините за гледање на нашите корисници и го подобруваат нивниот начин на живот“.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата SamsungНовости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Македонија

„Макпетрол“ предлага да се замрзнат цените на нафтените деривати

И покрај тоа што во јавноста се појавија информации дека набавната цена на дизелот ќе биде намалена, до „Макпетрол“ од страна на ОКТА до денес не е пристигнато официјално известување врз основа на која што би се промениле договорните услови помеѓу двете компании. Наместо тоа, од страна на добавувачот и понатаму се испраќаат фактури во полна сума, односно без најавениот попуст.

ВМРО ДПМНЕ: СДС-гробарите на македонската енергетика со криминалните шеми го оставија ЕСМ со загуби од 140 милиони евра и долгови од 80 милиони евра!

„СДС искажува очигледно лицемерие и бесрамност кога си зема за право да ги коментира состојбите во енергетиката, особено кога се дрзнува да зборува за РЕК Битола и намаленото домашно производство. Токму криминогеноста и незаситната алчност на нивните кадри, ги оставија АД ЕСМ и РЕК Битола во катастрофална состојба. Со нивните криминални тендери во РЕК Битола си ги наполнија џебовите и станаа светски бизнисмени на релација Нов Зеланд-Дубаи, а домашните производствени капацитети ги оставија во пустош.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Сообраќајка во Чаир, па потоа и групна тепачка со употреба и на тврди предмети

На 15.3.2026 во 9 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу полноќта на подрачјето на Чаир, по претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Г.(26), Д.Г.(22) и Г.Г.(52) од една страна и Ј.Д.(34) и А.Д. и В.Н., сите од Скопје.

Ацо Ристов и Шамил Реџепи се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Двајца кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според информациите на Македонската информативна агенција – МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ.

Полицајците двапати го апселе кавадарчанецот К.М. (34) во еден ден, откако бил фатен без возачка дозвола!

На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит.

Објавени списоците на граѓани, кои добија право на инвертер клима: треба да земат 4070 ваучери во рок од 30 дена

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека е објавен списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред. Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполнија условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

To top