Бизнис

Дали поскапувањето на горивата ќе ги натераат граѓаните повеќе да возат велосипед или да одат пешки?!

Од Регулаторната комисија за енергетика објаснуваат дека новото зголемување на цените е резултат на растот на берзанските цени на нафтените деривати на светските пазари, како и на зајакнувањето на американскиот долар во однос на денарот во изминатиот петодневен период.

Редици на бензинските пумпи во повеќе градови од Македонија уште од часот кога се најави ново поскапување. Граѓаните побрзаа да ги наполнат резервоарите по стара цена откако се најавени нови цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Бензините ќе поскапат за 7 денари, а дизелот за 6,5 денари. Од Регулаторната комисија за енергетика информираа дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 8,98 отсто во однос на претходната одлука. Со оваа одлука, бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по повисоки цени, што претставува ново оптоварување за граѓаните и транспортниот сектор.

Битолчани ги прашавме дали новото поскапување ќе влијае граѓаните повеќе да се движат со велосипеди или пешки наместо со автомобили.

– „Исто ќе си возат како досега. А тие што возеле точаци ќе возат точаци. Тоа не ни е нас во крвта, не е ова Холандија или Данска. Додуша појќе возат луѓето сега точаци, малку се освестија. Повеже се движат, повеќе трчаат. Арно ама уште сме во пелени,“ вели еден битолчанец за навиките на граѓаните да возат велосипеди.

– „Сигурно ќе има нешто, ама незначително, малку,“ вели друг битолчанец за тоа дали поскапувањето на горивата ќе ги натераат битолчани да возат велосипед.

– „Ќе се движат пешки сигурно. Ќе има влијание поскапувањето за да одат повеќе пешки“, вели една битолчанка.

Според новиот ценовник, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат за седум денари по литар. Со тоа, максималната малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 88,50 денари.  Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 денари по литар и од полноќ ќе изнесува 92 денари. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 89,50 денари за литар. Повисока цена ќе има и мазутот. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 4,867 денари по килограм и ќе изнесува 47,453 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија за енергетика објаснуваат дека новото зголемување на цените е резултат на растот на берзанските цени на нафтените деривати на светските пазари, како и на зајакнувањето на американскиот долар во однос на денарот во изминатиот петодневен период.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top