Македонија

Саниран потпорениот ѕид и паркингот кај „Св. Јован Бигорски“

Посетата на манастирот ќе биде побезбедна

Саниран е потпорниот ѕид и заштитата на регионалниот пат Р1202 кај Бигорскиот манастир, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

„Работиме и создаваме услови за безбеден и непречен сообраќај и горд сум што можам да ја известам јавноста дека успешно ја реализиравме санацијата на потпорниот ѕид и заштитата на регионалниот пат Р1202 кај Бигорскиот манастир. Со ова не само што ја зголемивме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, туку создадовме и подобри услови за развој на туризмот и за локалната заедница.

Изградивме нов паркинг за сите патници намерници и туристи кои го посетуваат ова македонско светилиште – решение кое ќе го олесни пристапот и ќе го направи престојот поудобен.

Вкупната инвестиција изнесува 569.591 евра.

Со оваа реализација, Бигорскиот манастир станува уште попристапен и со побезбеден пристап за сите посетители – напиша Трајановски на својот профил на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top