Македонија

Саракинов повикува на масовна излезност во Карпош за победа на Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ

Христо Саракинов, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош, упати повик до жителите на Карпош

vmro-dpmne.org.mk

Христо Саракинов, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош, упати повик до жителите на Карпош за масовна излезност на вториот круг од локалните избори на 25 октомври 2025 година.

Тој ги охрабри карпошани да го поддржат кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, и да гласаат за бројот 9, нагласувајќи дека жителите на општината веќе го кренале гласот против, како што рече, „урбаната мафија“ предводена од актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Саракинов го обвини Јакимовски, кој според него е поддржан од Венко Филипче и Зоран Заев, дека сака да ја задржи општината „заробена во канџите на приватните интереси“ преку промовирање на висококатници, нови Детални урбанистички планови (ДУП-ови) и проекти со големи профити за одредени групи. „Карпошани го кренаа гласот против урбаната мафија и Стевчо Јакимовски, кој поддржан од Венко Филипче и од Зоран Заев сака да продолжи да го држи Карпош заробен во канџите на приватните интереси за висококатници, нови ДУП-ови и маркици со дебели профити. Карпошани во уште поголем број ќе излезат во вториот круг, и ќе гласаат за Сотир Лукровски, за ВМРО-ДПМНЕ, за бројот 9“, изјави Саракинов.

Тој ги истакна ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ и Сотир Лукровски за иднината на Карпош, меѓу кои се стопирање на процесот на бетонизација, целосна ревизија на постоечките ДУП-ови и формирање на ново општинско претпријатие наречено „Карпош-план“. Ова претпријатие би било задолжено за изработка на идните ДУП-ови, при што граѓаните и активистите би биле активно вклучени и консултирани во процесот на планирање. Покрај тоа, меѓу ветувањата се и заложби за почист Карпош, изградба на нови катни и монтажни гаражи, воведување бесплатен паркинг за жителите на општината, решавање на проблемот со бездомните кучиња и зајакнување на безбедноста во општината. Саракинов нагласи дека овие мерки имаат за цел подобрување на квалитетот на животот на карпошани и спречување на урбанистички проекти што служат на приватни интереси наместо на доброто на заедницата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски најави поевтини станови за брачни двојки помлади од 35 години

Без разлика во кој град и без разлика на кое место во Македонија, ниту една градежна компанија не може да добие дозвола за градба ако не оддели минимум 10 проценти станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која што ќе биде најмалку 20 проценти пониска од пазарната цена, најави премиерот Мицкоски.

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

To top