Македонија

Савески: Секој обвинител има законска обврска да се постапува по тековните предмети, нема да има приоритетни предмети, а партиите не се мој интерес!

„Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Нивната работа ниту почнува, ниту завршува со мене. За мене секој предмет има ист интерес, нема да има приоритетни предмети. Ја гарантирам отчетноста и транспарентноста на секој јавен обвинител за секој предмет.“ – нагласи новиот државен обвинител на Република Македонија Ненад Савески денес при давањето на свечената заклетва во Собранието на Република Македонија.

Савески посочи дека за борба против криминалот Обвинителството треба да има поголема финансиска поддршка и оти тоа е она за што ќе се залага во неговиот мандат. Запрашан како го коментира фактот што пратениците од опозицијата не гласаа за неговиот избор во Собранието Савески одговори дека „интересите на политичките партии не се предмет на негов интерес ниту вчера, ниту денес, ниту во иднина“. Притоа тој дополни дека очекувал поширока поддршка при неговиот избор.

По давањето на свечената заклетва новиот државен јавен обвинител пред медиумите изјави дека кажа дека неговата работа ќе биде согласно со Уставот, законите, ратификуваните меѓународни документи и меѓународните стандарди. Тоа за мене е една голема одговорност и во овој момент сакам да ги повикам сите јавни обвинители заедно со мене, кои и додека ја давам оваа изјава ја работат својата работа. Нивната работа ниту почнува ниту завршува со мене. Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Го познавам обвинителскиот состав и верувам во него. Заедно со обвинителите сигурен сум дека ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните во чие име, Устав и закон постапуваме ние јавните обвинители.“ – кажа Савески.

Тој е деветти по ред републички обвинител на Македонија од 1991 и 19-ти од 1945 година. Неговиот избор следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски. Неговиот мандат трае шест години со право на повторен избор. Савески, кој досега беше судија во Основниот кривичен суд – Скопје, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10 март. Роден е во 1976 година, живее во Гостивар и е магистер по правни науки – казнено право. Магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје, каде што ги завршил и студиите. Правосудниот испит го положил во 2003 година. Од 2016 година е судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција. Од 2009 до 2016 година работел како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство. Од 2004 до 2009 година бил стручен соработник во Основниот суд Гостивар. Во овој суд од 2000 до 2002 година работел како судски приправник.

Од експертските и меѓународните ангажмани во биографијата на Савески кога бил судија е наведено дека бил експерт во ОБСЕ Македонија, експерт во Национална конвенција за ЕУ – Поглавје 23, како и експерт во проекти на Советот на Европа, ОБСЕ и УСАИД. Член е на работни групи за судски и законски реформи. Работел на проекти за посебни истражни мерки, притвор и за кривична постапка. Од академската кариера, Савески е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, национален подучувач (тутор) и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и обучувач за човекови права и кривично право. Тој е автор и коавтор на трудови за посебни истражни мерки, слобода на изразување, клевета и навреда, конфискација на имот, право на приватност, како и на повеќе водичи и стручни публикации. Зборува македонски, англиски, германски, српски и основен албански јазик.

 

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

„Нетпрес“: За проневера на државни пари ќе одговара Зоран Ѓеоргиев, сопругот на контроверзната струмичка судијка Лорета Георгиева!

Поранешниот директор на струмички „Комуналец“ Зоран Ѓеоргие е осомничен дека со години незаконски исплатувал пари и оти го оштетил буџетот на претпријатието за над еден милион денари. Според информациите од полицијата, од 2022 до 2023 година, во дури 47 случаи донесувал одлуки спротивни на прописите и си овозможувал парична корист и за себе и за други вработени.

Ченто со честитка и порака до Савески: Да се исправат неправдите, Македонија мора да излезе од правното мочуриште и да стане вистинска правна држава!

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април 2017 година, му упати честитка на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, изразувајќи очекување за суштински промени во функционирањето на обвинителството. „Македонија не смее да остане заробена во неправда“, нагласи Јане Ченто.

Директор на ЈП од Струмица 47 пати ја злоупотребил службената положба

Пријавениот директор на ЈП „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година донесувал одлуки за исплата на надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие

Најнови вести

To top