Македонија

„Нетпрес“: За проневера на државни пари ќе одговара Зоран Ѓеоргиев, сопругот на контроверзната струмичка судијка Лорета Георгиева!

Поранешниот директор на струмички „Комуналец“ Зоран Ѓеоргие е осомничен дека со години незаконски исплатувал пари и оти го оштетил буџетот на претпријатието за над еден милион денари. Според информациите од полицијата, од 2022 до 2023 година, во дури 47 случаи донесувал одлуки спротивни на прописите и си овозможувал парична корист и за себе и за други вработени.

Информативната агенција „Нетпрес“ натаму наведува: Според истрагата, осомничениот Ѓеоргиев одобрувал исплати за неискористени денови од годишен одмор, повикувајќи се на колективен договор, иако таквите исплати не биле во согласност со законските правила.
Во текот на 2022 година, на овој начин биле исплатени околу 593.000 денари за него и уште 24 вработени, додека во 2023 година дополнителни над 502.000 денари завршиле кај 21 лице. Со овие постапки, вкупната штета за јавното претпријатие достигнала повеќе од 1,09 милиони денари.

Георгиев е познат по тоа што бил шеф на сите изборни кампањи на Заев и дека е сопруг на судијката од судот во Струмица, Лорета Георгиева, која во времето на владеењето на Зоран Заев станува член на Судскиот Совет, институцијата која има задача да го контролира работењето и ефикасноста на македонските судии.

Лорета Георгиева, контроверзен лик во македонското правосудство. За неа се говореше дека кариерата и напредувањето ѝ биле поврзани со политичко влијание и партиска поддршка од Заеви. Таа беше дел и од внатрешни конфликти во Судскиот совет. Таа кон крајот на минатата година доби исто така кривична пријава бидејќи не пријавила дека поседува стан во Скопје и земала патни трошоци.

Како поранешна членка на Судскиот совет, таа во периодот од август 2022 година до јануари 2024 година, не пријавила промена на имотна состојба на членовите на нејзиното потесно семејство. Иако нејзината ќерка во 2022 година се стекнала со стан во Скопје, таа навремено не го известила претседателот на Судскиот совет дека нема да користи патни трошоци за патување на релација од Струмица, како место на живеење, до Скопје, како место на извршување на работата и обратно. Со тоа, во наведениот период во вкупно 15 наврати и биле исплатени пари како надомест за патни трошоци во вкупен износ од 291.040 денари, на штета на буџетот на Судскиот совет.

Текст и фотографии на „Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

To top