Македонија

СДС бара 600 евра минимална плата, а во фирмите на Заеви платите на вработените се на минималец

Имаа 7 години време минималната плата да ја искачат до 600 евра. Тоа не го направија, но затоа ги наполнија своите џебови

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одговараше на новинарски прашања по одржаниот прес. Тој беше прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Филипче и СДС за 600 евра минимална плата.

Манасиевски истакна дека токму со ова барање се покажа кој стои зад ССМ и нивните барања, а тоа е СДС и Левица.

„Меѓутоа, барањето на СДС за 600 евра минимална плата е крајно несериозно, популистичко и без никакви претходни факти и аргументи. Вчера бевме сведоци на тоа дека претседател на партија, во случајот Венко Филипче на прес-конференција излезе крајно неспремен, предложи Закон за 600 евра минимална плата, без претходно тој закон технички да му биде спремен, да има увид колку средства би биле потребни од буџетот и на кој начин би стигнал до истите и слично. Е ова е чист доказ дека СДС нема ниту програма, ниту визија како да ги промени работите. Меѓутоа излегоа на прес-конференција расфрлија со пердувите и сега треба да одговориме на тоа. Навистина крајно несериозен пристап од страна на опозицијата. Имаа 7 години време минималната плата да ја искачат до 600 евра. Тоа не го направија, но затоа ги наполнија своите џебови“ истакна Манасиевски и додаде:

Е сега отворено, еве прашуваме до јавноста, колку работници во фирмите на Заеви земаат минимална плата? Според нашите сознанија и информации со кои располагаме, вработените во фирмите на Заеви земаат плата во вид на минимална.

Најнови вести од: Македонија

Стратегија за за 2026–2031 година, заради зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура во Ниш

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и дејствување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги одредува клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

Избран е изведувач, почнува реконструкцијата на „Универзална сала“

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани

ДС: Македонскиот е заеднички јазик за разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

To top