Македонија

СДСМ имале интерес, анкетите му биле добри ама не знае дали ќе се кандидира за уште еден мандат

Уште се мисли

 

Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски тврди дека според анкетите добро стои меѓу граѓаните но се уште не знае дали ќе се кандидира за нов градоначалнички мандат.

 

Стевчо Јакимовски засега калкулира и не открива дали ќе се кандидира за нов, петти мандат како градоначалник во Карпош.

 

Тој денеска во интервју за ТВ24 вели дека „анкетите биле на негова страна и дека граѓаните на Карпош му ја давале поддршката во три наврати кога било многу тешко“.

За СДСМ откри дека имало интерес да поддржат негова кандидатура, но на крај решиле да одат со својот предлог лекарката Маја Мојсова.

 

„Карпош треба да има добар градоначалник“ рече Јакимовски кој очекува исклучително црна кампања.

Најнови вести од: Македонија

Несфатлива противречност: Во најновиот нацрт-извештај Вајц вели „нема доволен напредок“, а со резолуцијата на ПССЕ се „признава напредокот на земјата“?! (1)

Европскиот парламент, Советот на Европа и неговото Парламентарно собрание, нивните известувачи за Македонија, со сите нивни резолуции и извештаи еднаш ‘поздравуваат и признаваат’, но по неколку седмици силно критикуваат дека ‘не е постигнато ова и она’. Тие првин нагласуваат дека ‘Владата искажува политичка волја и посветеност да ги почитува обврските’, но само по кратко време сега се вели дека ‘нема долгорочна политичка посветеност’. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц во Европскиот парламент и претходните ставови и оценки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа од Резолуцијата од 29 јануари 2026 година за ‘има-нема  напредок’ на Македонија се поигрување со евроинтеграциските стремежи на оваа држава и на нејзините граѓани. Овие акти на Советот на Европа се едни со други во несфатлива противречност и тие ја уриваат довербата во овие клучни европски институции. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц ги фрла во вода клучните ‘признателни’ и ‘поздравителни’ наводи од споменатата резолуција на ПССЕ од 29 јануари.“ – пишува Свето Тоевски во својата анализа.

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Самсунг („Samsung“) ја претстави Galaxy S26 Серијата: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега

Со моќен хардвер кој беспрекорно работи со водечкиот во индустријата систем на камери и интуитивни искуства со вештачка интелигенција, секојдневните задачи се полесни и побрзи од било кога досега

To top