Македонија

СДСМ ќе поднесе претставка до Уставен суд против Резолуцијата што ја изгласа владината коалиција против миграција

СДСМ ја оцени Резолуцијата за неуставна, додавајќи дека претставува вовед кон автократија, диктатура и режим.

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, најави дека партијата до Уставниот суд ќе поднесе претставка за уривање на правниот поредок откако владејачкото мнозинство вчера во Собранието усвои „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“ поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ја оцени Резолуцијата за неуставна, додавајќи дека претставува вовед кон автократија, диктатура и режим.

„СДСМ ова нема да го дозволи и силно ќе се спротивстави, заедно со граѓаните. Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот во делот на основни човекови слободи и права на граѓанинот – слободата на изразување која е неприкосновена. И тоа ја прави неуставна. ДПМНЕ и ЗНАМ усвоија неуставна Резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата. Целта на власта е да ја замолчи опозицијата и да се забрани било каква дебата за договорот – мигранти за пари, да се спречи вистината да излезе на виделина. Нема да дозволиме гушење на демократијата и слободата на говор!“, порача Тренчевска од пред Уставниот суд.

Потпретседателката на СДСМ најави дека партијата ќе се обрати и до сите релевантни меѓународни институции, а ќе побара помош и од институциите на Европската Унија и од сестринските партии во Европа.

Во меѓувреме, во видеообраќање од Брисел, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека ќе побара помош од цела Европа, од сите прогресивни сили и од сестринските партии во врска со усвоената Резолуција предложена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Донесената срамна Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување. Кога парламент носи неуставна резолуција против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам, во режим. Власта сака да ја замолчи и да ја забрани работата на опозицијата, да создаде еднопартиска држава и да ја згасне слободата на говор“, порача Филипче.

Претходно вчера, со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“ пратениците ја изгласаа „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, нагласи со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации во врска со мигрантите.

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Пациентите со ретки болести нема да чекаат ниту ден

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

Посебен сообраќаен режим во Тетово, Гостивар и Дебар поради посетата на Бајрам Бегај

Денеска, 28 февруари 2026 година (петок), во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Од грабеж до затворска „терапија“: необична мотивација на осудениот Македонец

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај: млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор за серија грабежи и други кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заложници на криминалот, затоа на седницата за пратенички прашања ниту името на Груби не му го спомнаа

Потпретседателката на СДС пак Јованка Тренчевска, отиде до тој степен што посочи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада“, потенцираат во партиското соопштение.

Итно соопштение од МНР: Не патувајте во Израел, контактирајте ја амбасадата за помош

Во врска со најновите информации за влошувањето на безбедносната состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа земја внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции.

To top