Македонија

СДСМ се премисли – пак дозволува коментари на нивните профили на социјалните мрежи

Од опозициската партијата повикаа на заедничка акција за ловење „ботови“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку објава на социјалните мрежи информираше дека повторно ги овозможува коментарите на своите профили на сите платформи.

СДСМ стана прва партија на светот која забрани коментари на Фејсбук

Од партијата повикаа на заедничка акција против говорот на омраза и поделбите во јавниот простор.

„СДСМ ги враќа коментарите на социјалните мрежи на сите платформи и повикува на заедничка акција. Ајде заедно да го исчистиме просторот од омраза и поделби. Означи ВМРО бот. Реагирај! Вклучи се во акцијата!“ наведуваат од партијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top