Македонија

СДСМ Свети Николе: Го очекуваме другарот Заев на интерконтинентален крузер на Кариби, Хаваи или Панама, а не на вакво јахтиче

Од постот не може да се разбере дали партиските другари на Заев се сериозни или тераат мајтап со својот неформален шеф

Општинската организација на СДСМ во Свети Николе застана во одбрана на Зоран Заев.

Од СДСМ Свети Николе очекуваат другарот Заев да се слика на интерконтинентален крузер на Кариби, Хаваи или Панама, а не на мало јахтиче кое вреди стотици илјади евра.

,,Семејството Заеви преку 35 години има семејни бизниси кои се домашно и извозно ориентитани.
Само претходната година, според завршните сметки компаниите на семејството Заеви имаат платено во државниот буџет данок на добивка од околу 10 милиони евра. На ова ако се додаде ДДВ, персонален данок, придонеси за вработени излегува дека компаниите плаќаат во фондовите и државниот буџет најмалклу околу 50 милиони евра годишно.
Фирмите деловните односи ги имаат и внатре во државата, но претежно со извоз на производи кои се произведени во Македонија”, пишуваат од СДСМ Свети Николе.

Според нив скоро да нема држава во светот каде што ги нема овие македонски прозводи од преработени земјоделски производи.
,,Уплатените средства од овие фирми, како и од сите други, нормално се трошат за плати на администрацијата која е 90% составена од членови на дпмне, за патни трошоци, паушали, манго и папаја, правење прослави и журки, изнајмување авиони, исплати за паразити во Лотарија, подмитување на новинари, тендери, членување во управни и надзорни и др.

Ако се земе предвид колкави сопствени приходи и профити се прават само за една година во компаниите на Заеви очекувањата се да го видиме другарот Заев на интерконтинентален крузер на Кариби, Хаваи или Панама, а не да ги нервира вМороните со вакво јахтиче во Пефкохори”, сметаат од СДСМ

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството: Отворена истрага за загадувањето на водата во Гостивар, побаран притвор за тројца осомничени

За трите лица вработени на одговорни функции во ЈП „Комуналец“, осомничени за загадување на водата во гостиварскиот водовод, ќе се бара притвор, а во зависност од новите докази, истрагата ќе се прошири. Пред судијата на претходна постапка осомничените од 12 часот даваат искази по што ќе биде познато дали ќе им бидат определени мерки за обезбедување.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации.

Осомничените за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија

Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи, Вадедин Даути

Најнови вести

To top