Македонија

Се чувствуваше верата, мајчинската љубов и нивната обединувачка моќ – претседателката за Богородица во Каменско

На светата литургија чиноначалствувал митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј

Се чувствуваше верата, мајчинската љубов и нивната обединувачка моќ – порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова која за Голема за Богородица беше во црквата Успение на Богородица во Каменско, Охрид.

,,Денеска, на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица го посетив охридскиот храм посветен на неа.

На светата литургија, со којашто чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, се чувствуваше верата, мајчинската љубов и нивната обединувачка моќ.

Богородица е нашата вечна заштитничка, а нејзината храброст, мудрост и пожртвуваност се пример што треба да нè води и да се следи”, се вели во објавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top