Македонија

Се отвори земјата во Липково: Пукнатини поголеми од еден метар, граѓаните се евакуираат во паника (ВИДЕО)

Во селото Липково, на влезот од Скопје кон Куманово, се активира сериозно свлечиште кое предизвикува драматични пукнатини во земјиштето, длабоки и широки по неколку метри.

Во селото Липково, на влезот од Скопје кон Куманово, се активира сериозно свлечиште кое предизвикува драматични пукнатини во земјиштето, длабоки и широки по неколку метри. Оваа опасност директно ги загрозува околните куќи, но и регионалниот пат Скопје-Куманово, кој може да биде целосно прекинат доколку лизгањето продолжи. Алармот за евакуација веќе е активиран, а жителите се соочуваат со страв од поголема катастрофа, особено поради подвижната почва богата со минерални води.

Репортерот на ТВ21, Аднан Ќаили, од местото на настанот извести:

– Овде го гледате овој камен е симбол на многу стара чешма во селото Липково, што значи дека целата област има минерална вода и стабилноста на почвата е подвижна во текот на сите овие периоди и како резултат на тоа, пукањето на почвата во овие последни четири дена е многу видливо и се заканува со евакуација на жителите.

Семејството Шукриу е најпогодено: тие веќе една недела живеат надвор од домот, кај роднини, заедно со децата и милениците. Еден член на семејството апелираше за итна интервенција:

– Целото село генерално е во опасност, но и јас ја напуштив куќата, престојуваме кај моите внуци и чичковци. Апелирам до надлежните од Скопско што поскоро да дојдат на местото на настанот бидејќи може да се случи поголем проблем, свлечиште може да го блокира главниот пат Куманово-Скопје од стариот пат. Нема шанси ова место да се лизга понатаму, но сега сме принудени да ја напуштиме куќата со децата и домашните миленици и сите, затоа апелирам до вас да интервенирате што поскоро – изјави Шукриу.

Формиран е кризен штаб за анализа на причините, но жителите бараат веднаш мерки за запирање на ерозијата. Од Општина Липково информираат дека чекаат експерти од Сеизмолошката опсерваторија за да го утврдат типот на карпестиот масив и ризиците од подземните води. Дополнително, потврдено е дека погоденото подрачје никогаш не било предвидено за изградба, што ја комплицира ситуацијата и бара долгорочни решенија за стабилизација. Досега нема повредени, но стравот меѓу локалното население расте, а надлежните институции се повикани на итна реакција за да се спречи ескалација.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top