Македонија

Сејдиу: Филков нема долго да биде министер за правда

Ќе има реконструкција на владата и сега се дискутираат имиња и тој е меѓу тие имиња, вели заменик претседателот на БЕСА

 

Блерим Сејдиу, заменик-претседател на Движењето Беса и градоначалник на општина Желино, во гостување за Алсат, зборуваше за прашањето за полагање на правосудниоот испит по право и на албански јазик, како и за одлуката на министерот за правда Игор Филков да ја отфрли петицијата на студентите од Албанија испитот да се одржи на албански јазик.

Сејдиу рече дека испитот ќе се полага и на албански јазик, додека меѓу другото рече дека Филков нема долго да биде министер за правда.

„Филков сигурно нема долго да биде министер за правда. Ќе има реконструкција на владата и сега се дискутираат имиња и тој е меѓу тие имиња. Засега нема строги одлуки и не сакам однапред да предвидувам што ќе се случи, но она што ќе се случи е дека ќе има реконструкција на владата“, рече Сејдиу.

Тој рече и дека ќе има интерпелација против министерот Филков.

„Интерпелацијата не е поврзана со нашата иницијатива што ја покренавме за правата на студентите. За нас е важно тоа право да биде уставно, а другите се помалку или воопшто не се важни“, рече Сејдиу./Телеграфи/

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top